Поврзете се со нас

Англија

Екс играч на Челси со порака со Мареска: Тој не е одговорот во трката за титули

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси е голем англиски клуб кој во изминатиов период по заминувањето на Роман Абрамович вложи огромни средства за да создаде нова генерација и се врати на победничките патеки.

Меѓутоа и покрај сериозните вложувања „сините“ се уште покажуваат слабости, има многу дилеми, прашалници за тоа што овој тим може да направи. Клубот од Лондон изгледаше навистина добро во еден дел од сезоната во ПЛ, па дури и дел од медиумите го ставија во трката за титулата иако менаџерот Енцо Мареска постојано потенцираше дека не се подготвени за тој предизвик за што беше и во право ако се земе предвид дека екипата влезе во криза и веќе пет средби не знае за победа.

„Сините“ се активни и во Европа и во ФА Купот и таму засега добро функционираат, но според некогашниот член на овој клуб, Крег Берли тренерот Мареска мора да притисне и добие средства за ангажман на топ напаѓач ако се сакаат да се нападнат титули. Некогашниот репрезентативец на Шкотска смета дека тоа не може да се направи со Николас Џексон како прв напаѓач на Челси.

-Имаше повеќе добро отколку лошо во оваа сезона. На крајот, мислам дека е играч, малку како Каи Хаверц во Арсенал кој би бил добар во доаѓањето од клупата или играњето во куп натпревари. Ама потребнна ти е топ деветка и потоа го имаш него на страна. Тој има пристојна сезона, но сигурен сум дека Енцо Мареска ќе треба да се справи со таа позиција меѓу другите. Му дадов голема заслуга на Џексон затоа што не ни помислував дека го има во себе да има вакви настапите што ги има во оваа сезона. Тој ги надмина очекувањата на повеќето луѓе.

-Тоа не значи дека тој е вториот Дрогба и ќе биде одговорот. Но, тоа е она што го имаат во моментов. Можеби во еден момент мислеа дека Нкунку ќе биде тој човек, но тоа не изгледа така. Можеби тие ќе излезат и ќе се обидат да ангажираат. Повеќето од овие тимови кои се кандидати за титули имаат некој напред кој е различен калибар, додека Џексон е во ред. Тој има свои моменти, но ќе видиме повеќе од тие промашувања отколку на навистина добриот Џексон, -вели Берли за „ЕСПН“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни