Англија
Екс играч на Арсенал: Една ѕвезда на Јунајтед сезонава му парира на Салах

Мохамед Салах е главен виновник за доминацијата на Ливерпул во Премиер лигата, па египетскиот репрезентативец очекувано ќе биде прв фаворит и за индивидуалните признанија по крајот на сезоната.
Поранешниот играч на Арсенал, Бакари Сања, направил интересен избор на фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој според него може да му парира на Салах за епитетот најдобар играч во текот на сезоната.
Јунајтед е далеку од врвот во англиското првенство, но Сања е импресониран од настапите на Бруно Фернандеш.
– Фернандеш има шанси да го освои признанието за најдобар фудбалер, беше одличен во досегашниот тек на сезоната.
– Претходно заслужуваше одредени критики, но сега истапи со квалитетни натпревари, како да го пронајде вистинското место во тимот.
– Тој е капитен со причина, успева да го подигне тимот, конечно ги повторува игрите по кои беше препознатлив во португалската репрезентација. Луѓето очекуваат да блеснете веднаш штом го облечете новиот дрес, но дресот на Јунајтед има посебна тежина, а Бруно почна да испорачува она што се очекува од него, – рекол Сања.
-
Шпанија15 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија19 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија20 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови8 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија12 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони19 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија14 часа
Де Брујне ја откри вистината за заминувањето од Сити: Останав шокиран од веста која ми ја пренесоа
-
Шпанија16 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)