Поврзете се со нас

Шпанија

Екс холандски репрезентативец без влакна на јазикот: Лапорта е идиот, а Барселона е како мафија

Објавено

на

Поранешниот холандски репрезентативец и своевремено член на Реал Мадрид, Рафаел Ван Дер Варт упати жестоки зборови на адреса на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Каталонскиот клуб е голема непознаница за фудбалската јавност затоа што иако е во финансиски проблеми успеа да ангажира и да регистрира неколку скапоцени засилувања.

Во Барселона досега пристигнаа Левандовски, Кеси, Рафиња, Кристенсен и Кунде, а допрва се очекуваат уште неколку бомбастични трансфери.

Тоа го натера Ван Дер Варт да го искаже својот став и да посочи дека во целата оваа ситуација има нешто сомнително.

– Како  можете да купувате играчи кога немате пари? Сметам дека сето ова е срамота, тие се како мафија. Лапорта секаде се појавува со својата голема глава и се смее и мисли дека е крал. Но јас мислам дека е идиот, -изјави Ван Дер Варт и го прокоментира однесувањето на клубот кон неговиот сонародник, Френки Де ЈОнг.

– Не можете вака да постапувате со луѓето. Френки заработува премноуг? Потпишувате договор, па потоа го исполнувате, а не вака. Името на Барселона стана многу лошо. Тоа е одличен клуб и сите сакаат да играат таму. Но од сега поинаку ќе ги судиме и сметам дека е срамота да се игра за нив, изјави Ван Дер Варт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни