Поврзете се со нас

Свет

Екс холандска ѕвезда: Можев да бидам како Меси и Роналдо

Објавено

на

Лионел Меси и Кристијано Роналдо за многумина се најдобрите фудбалери на сите времиња или во најмала рака се во таа група на врвни асови во историјата кои одбележале една ера и засекогаш ќе бидат запаметени.

Аргентинецот и Португалецот направија многу за фудбалот и во фудбалот во изминативе две децении, соборија многу рекорди, освоија безброј признанија, титули, постигнаа многу голови, асистенции…и ќе биде навистина тешко некој да ги повтори нивните потези, патувања, резултати во иднина.

Меѓутоа понекогаш можеме да чуеме како некој се уште активни играчи или веќе поранешни дека едноставно можеле да бидат како Меси и Роналдо ако биле поупорни, попрофесионални, а еден од нив е Весли Снајдер.

-Можев да бидам како Роналдо и Меси, ама тоа не го направив. Уживав во животот, понекогаш пиев чаша вино после вечерата. Лео и Кристијано се различни, жртвуваа многу. И тоа е во ред, но мојата кариера е сепак неверојатна, -изјави Снајдер кој исто имаше извонредна кариера играјќи за гиганти како Ајакс, Интер и Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни