Поврзете се со нас

Балкан

Екс-голман на „црвено-белите“: Савиќевиќ намерно доби црвен картон во Токио

Објавено

на

Поранешниот голман на Црвена Звезда, Звонко Милојевиќ пред 14 години доживеа тешка сообраќајна несреќа по која беше констатирана клиничка смрт, но докторите успеаја да му го спасат животот, иако тоа значеше дека во иднина ќе мора да користи инвалидска количка за да се движи.

Милојевиќ беше дел од генерацијата на „црвено-белите“ која победи на Интерконтиненталниот куп во Токио, а триумфот од 3:0 против Коло Коло му овозможи статус на светски клупски првак на тогашниот европски шампион.

30 години по големиот успех, Милојевиќ во интервју за српските медиуми открил интересен детаљ од дуелот со чилеанската екипа, а се однесува на црвениот картон кој го заработи Дејан Савиќевиќ.

– Савиќевиќ пред дуелот во Токио побара од тренерот Владица Поповиќ, на голот наместо јас да биде Драгоје Лековиќ.

– Тренерот му одговори дека сепак тој одлучува за составот, на што следуваше закана од Дејо дека ако не го послуша, намерно ќе заработи црвен картон.

– Подоцна и го исполни ветувањето, – вели Милојевиќ.

Во составот на Црвена Звезда во Токио беа и нашите Дарко Панчев (постигна еден гол) и Илија Најдоски, кои и први го подигнаа трофејот со кој југословенскиот претставник стана и интерконтинентален шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни