Шпанија
Екс фудбалер на Реал Мадрид: Сосиедад ми ја спаси кариерата

Не е лесно да се биде талентиран фудбалер, играч од кого сите очекуваат да го покаже талентот, да блесне на големата сцена, односно да се справи со целиот тој притисок.
Доста фудбалери имаат така „изгорено“, поточно останале без предвидените кариери, односно имале само одредени блесоци од проста причина што не се нашле на вистинско место во вистинско време, во соодветна средина.
Такефуса Кибо е еден играч кон кого се насочеи рефлекторите со години, мина неколку години во школата на Барселона, потоа се врати од Јапонија од каде во 2019 година направи кам-бек во Шпанија и тоа во Реал Мадрид. Се очекуваше да добие шанса да ги покаже квалитетите на најголемата сцена, ама постојано беше испраќан на позајмици во Мајорка, Вилјареал, Хетафе, повторно Мајорка по што доби можност да биде дел од Реал Сосиедад.
Тука идеално се снајде, игра значајна улога и Јапонецот му е многу благодарен на составот од Баскија.
-Сосиедад ми помогна да се оправдам како фудбалер, не бев во добар момент и тие ми помогнаа да се вратам во возот кој те носи до успехот, -вели офанзивецот, а пренесува „Марка“.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 5 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него