Поврзете се со нас

Англија

Екс фудбалер на Ливерпул го продава медалот од Лигата на шампионите откако западнал во голема финансиска криза

Објавено

на

blank

Медиумите во Англија пренесуваат дека поранешен фудбалер на Ливерпул кој беше дел од славниот состав кој во 2005 година ја освои Лигата на шампионите е приморан да ги продава работите кои ги освоил за да избегне банкрот.

Станува збор за десниот бек Стив Финан кој вредните парчиња кои ги освои во дресот на Ливерпул ги продава преку аукциската куќа „Грем Бад“.

Неговиот медал од историската ноќ во Истанбул е изложен на официјалната страна на аукциската куќа и ќе чини од 12.000 до 15.000 фунти. Освен медалот,  Финан го продава и дресот кој го носеше на овој натпревар, а тој е проценет на сума од околу 2.500 фунти.

„Тајмс“ уште пред еден месец пренесе дека компанијата на Финан која ја работи со својот брат во Лондон западнала во огромни долгови, а тоа дошло и до кавга меѓу браќата. Компанијата веќе должи четири милиони фунти, па продажбата на вредните предмети бил единствениот потег кој Финан можел да го направи за да се спаси од банкрот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни