Поврзете се со нас

Свет

Екс француски репрезентативец за потценувањето на Роналдо на Лига 1: Имаме „машини“, нека дојде…

Објавено

на

foto: x.com/Cristiano

Кристијано Роналдо даде многу потценувачка изјава за Лига 1 на „Глоуб Сокер Авордс“, изјава со кое го привлече вниманието и секако доби доста критики од Франција.

Португалецот порача дека саудиската лига е далеку подобра од францускиот шампионат посочувајќи дека таму има само една екипа ПСЖ, односно дека останатите клубови се готови во фудбалска смисла.

Француската Лига 1 го искористи ликот на Меси за брутално да му одговори на Роналдо (Фото)

Ова дефинитивно е силна изјава на ветаранот ако се земе предвид дека Франција е фудбалска велесила, односно постојано гледаме како од таа Лига 1 играчи прават трансфери во најсилните лиги во Европа, поточно од тој шампионат завршуваат во супер квалитетни тимови во Англија, Германија, Шпанија и Италија.

Токму поради ова се огласи некогашниот репрезентативец на „триколорите“ Адел Рами, некогашниот член на Валенсија, Лил, Милан, Марсеј, Фенербахче…кој имаше јасна порака за Кристијано кого доста го почитува.

-Зборува глупости. Сакате да ви покажам слики од дефанзивците во Саудиска Арабија. Не значи дека ако имаше луда кариера, штом ќе каже нешто, тоа е вистината. Мислам дека тоа е ПР трик. Имаме дефанзивци, тие се машини! Го ставаш во Лига 1 и ќе биде изеден.

-Кристијано Роналдо, знаете, јас сум фан. Јас сум тимот на Кристијано Роналдо, но тој направи грешка. Кога вели дека саудиското првенство е подобро од она во Франција, носи многу луѓе со себе, -порачува Рами.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни