Поврзете се со нас

Англија

Екс финансиски советник на Сити: Челси ќе добие поголема казна од Евертон поради ФФП

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Инвестициите во трансфери на актуелните сопственици на Челси го ставаат клубот во опасност од сериозна казна, а поранешен финансиски советник на Манчестер Сити, тврди дека лондонскиот клуб не може да се спаси од санкии поради прекршување на Финансискиот фер плеј.

Стефан Борсон во интервјуто за „Токспорт“ објаснил дека Челси успеал да амортизира дел од трошоците со подолгите договори за новите засилувања, но сепак се наоѓа во загуба која ќе донесе посериозна казна од таа која веќе му е доделена на Евертон.

– Челси го искористи трикот со подолгите договори, но според мене следната сезона ќе биде утврдено прекршување на ФФП и ќе следува казна.

– Единствената шанса да се спасат е до 30. јуни да продадат играчи во вредност од 100 милиони фунти, но тоа е тешка задача. Следува ЕП, фудбалерите ќе бидат фокусирани на тој турнир, а и другите клубови ќе знаат дека Челси е под притисок да продава и би го искористиле тоа.

– Престапот на Челси е многу поголем од тој на Евертон и што е најважно, Премиер лигата ќе го смета како намерен. Челси не може да ги маскира трошоците со изградба на стадион или некаква лоша математика. Одговорните во лигата не се глупави и нема да наседнат на варијанта за продажба на играчи со нереални високи трансфер суми во други лиги, иако и тие се ретки, – вели Борсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни