Англија
Екс ѕвезда на Сити и Арсенал не верува во Тотенхем: Тие ќе се распаднат, како и обично!

Тотенхем е изненадувачкиот лидер во Премиер лигата по осум одиграни кола, екипа која собра 20 бодови или поточно оствари шест победи и загуби поени само против градските ривали Арсенал и Брентфорд.
Никој не го очекуваше ова од „петлите“ кои останаа без главниот играч Хари Кејн во летниот преоден рок, меѓутоа Анге Постекоглу создаде една група која засега совршено функционира и бележи одлични резултати.
Многумина не веруваат во Тотенхем, поточно сметаат дека е прашање на време кога ќе почне да паѓа на табелата, а еден од нив е и некогашниот француски репрезентативец и екс член на Арсенал и Манчестер Сити, Бакари Сања.
-Трката за титулата ќе се води меѓу Арсенал и Манчестер Сити, Спарс ќе се распадне, како и обично. И тоа не го зборувам само како навивач на Арсенал. Не гледам дека ќе бидат доволно конзистентни цела сезона.
-Покрај Сон, не гледам никој во тој тим кој може да го води тимот или да игра витална улога во трката за титулата. Имам почит за играчите и тие играат добар фудбал под добар тренер, но сезоната е многу долга и не гледам дека се натпреваруваат на долгорочна основа. Почнаа добро и можат да се квалификуваат за Лигата на шампионите, но не ги гледам како конкуренти за титулата, -порача Сања за „Педи Пауер“.
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча