Поврзете се со нас

Англија

Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати

Објавено

на

Манчестер Сити важи за тим кој игра фантастичен фудбал во последната деценија, а своја особена трага добија откако го назначија Пеп Гвардиола за нивен предводник.

Шпанецот донесе големи успеси на „Итихад“, но се уште се мачи да го донесе трофејот од Лигата на шампионите во синиот дел од Манчестер. Оваа сезона повторно се блиску затоа што клубот се наоѓа во полуфиналето каде ќе се соочи со тимот на ПСЖ.

Во јавноста по подолг период на темата „Манчестер Сити“ се огласи поранешниот фудбалер на „граѓаните“, Јаја Туре кој не е во најдобри односи со Пеп Гвардиола откако јавно истакна дека шпанскиот стратег е против африканските фудбалери.

Туре кој има статус на легенда на „Итихад“ откри дека му напишл порака на Гвардиола за извинување, но до денес нема никаков одговор од стратегот ниту од било кој друг човек во Манчестер Сити.

– Тоа интервју беше моја голема грешка. Бев свесен дека некои луѓе не беа среќни со тоа интервју. Напишав писмо за да комуницирам со некој од важните луиѓе во клубот и за да се извинам, но не добив никаков одговор.

– Сакам мир, за љубовта на фаовите, за љубовта кон клубот, некогаш работите треба да се решат на вситинскиот начин. Сум во контакт со некои од луѓето таму, но се уште немам одговор од најповиканите, -изјави Туре.

Инаку, Јаја Туре во моментов работи како асистент тренер во украинскиот тим на Олимпик Донњецк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни