Англија
Шпански репрезентативец разочаран од Јувентус: Ме натераа да заминам без да добијам вистинска шанса

Дин Хујсен дојде во младинската академија на Јувентус со сон да добие вистинска шанса и во првиот тим, но италијанскиот клуб реши „присилно“ да го продаде минатото лето.
Стоперот се пресели во Борнмут, а со своите игри веднаш го привлече вниманието и на поголемите клубови, па нема да биде изненадување ако по некоја година носи дрес на некој од европските великани.
Иако досега даваше подипломатски одговори за начинот на кој ја заврши соработката со Јувентус, во најновото интервју за „Марка“, младинскиот репрезентативец на Шпанија малку поискрено го опишал разочарувањето кое му се случи во Торино.
– Се појавив на подготовките по одморот и уште првиот ден ми кажаа дека е најдобро да заминам, но дека нема да ме присилат на такво нешто.
– Но, на крајот ме присилија, затоа што морав да тренирам сам и ме оддалечија целосно од првиот тим. Тоа беше навистина лоша ситуација бидејќи бев три години дел од Јувентус и единствено што сакав беше шанса во сениорскиот состав. Реалноста е дека фудбалот знае да биде суров одвреме навреме, а јас ја прифатив реалноста и заминав кога се отвори таква шанса, – рекол Хујсен.
-
Игри на среќа21 час
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет20 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони9 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет8 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија20 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Балкан22 часа
Несторовски со гол и асистенција ја доби битката со Елези во Хрватска (ВИДЕО)
-
Германија19 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија10 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот