НБА
Екс центар на Бостон и Оклахома: Џордан е лажго, драго ми е што не е мој „GOAT“
Многу луѓе го кажаа својот став за документарецот „Последниот танц“ во кој централна личност беше Мајкл Џордан и шампионската генерација на Чикаго Булс.
По емитувањето на истиот има доста луѓе кои го критикуваат Џордан, дел од поранешните соиграчи исто му се налутија поради сликата која беше прикажана за нив, а имаше и такви кои го обвинувал дека измислувал работи, односно дека некои ситуации не биле такви во реалноста.
Околу целата оваа приказна својот став го кажа некогашниот центар на Бостон, Оклахома, Кливленд, Њу Орлеанс и НБА шампион од 2008 година, Кендрик Перкинс.
-Последниот танц е најдобриот документарец што сум го гледал, ама… беше полн со лаги. Драго ми е што Мајкл Џордан не е мој „GOAT“ (најголем на сите времиња). Лажеше и на сите им наштети поради свој интерес. Последниот танц беше направен да се направи Џордан да изгледа како херој и сите други како негативци.
-Скоти Пипен е изнервиран, Хорас Грент, Ајзеа Томас… Покојниот Џери Краус не бил толку лош човек, зборував со многумина и тие тоа ми го потврдија. Среќен сум што Леброн Џејмс е мојот „GOAT“, -порача Перкинс.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона