Поврзете се со нас

Англија

Екс-англиски репрезентативец: Меси сега не би можел да игра ниту во Тотенхем

Објавено

на

Лионел Меси немаше најдобра прва сезона во дресот на Пари Сен Жермен, а тоа секако придонесе да добие критики на своја сметка.

Секако имаше причини зошто не беше на соодветното или поточно препознатливото ниво, меѓутоа сега тие ги нема и останува да видиме што ќе се случува во втората негова година, но во меѓувреме додека траат, почнуваат подготовките една необична изјава имаше некогашниот англиски репрезентативец и екс член на Манчестер Сити, Дени Милс.

Милс го почитува Аргентинецот, ама според него тој не би имал место во ниту еден тим од првата шестка во Премиер лигата.

-Не сум ги гледал Кројф, Марадона, Пеле со свои очи, но затоа Меси е дефинитивно најдобриот играч што сум го видел во живо. Знам дека бројките на Кристијано Роналдо можат да бидат малку подобри, дека е подобар во важните натпревари и се, но во однос на чистата фудбалска вештина, Меси е најголем.

-Сепак тешко дека би го ангажирале Топ клубовите од Премиер лигата. Ливерпул сигурно не, Манчестер сити не, па ниту Тотенхем. Мислам дека ниту еден клуб од Топ 6 не би го земал, -истакна Милс кој со ова крена внимание и предизвика многу коментари и реакции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни