Поврзете се со нас

Формула 1

Еклстоун за договорот на Хамилтон: Мора да има малку драма!

Објавено

на

Луис Хамилтон се уште не потпишал нов договор со Мерцедес, потег кој е повеќе од извесен, но досега не и реализиран.

Неговата позиција е единствената која не е потврдена во пресрет на новата сезона во Формула 1, а поранешниот сопственик на Ф1, Берни Еклстоун ја објасн ситуацијата во свој стил.

Во изјавил за швајцарски „Блик“, Еклстоун посочил дека клубот намерно ја драматизира ситуацијата.

– Сето тоа е само шоу, а целта е Хамилтон да остане во фокусот на медиумите во овој празен период, – смета Еклстоун.

Тој имал коментар и за статусот на Себастијан Фетел, кој заминува од Ферари во редовите на Астон Мартин.

– До неодамна Себастијан Фетел беше број еден, а сега никој не зборува за него, иако знаеме дека во Формула 1 пилотите зависат и од болидот кој го возат.

– Во Ферари од одредени причини не успеаја да се адаптираат на барањата на Фетел, таму внатрешната политика секогаш е важна, но сега ќе може одново да се докажува во нов тим, – изјавил Еклстоун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни