Поврзете се со нас

Формула 1

Еклстоун веќе има план за долгоочекуваниот син!

Објавено

на

Швајцарскиот весник „Блик“ прв ја пренесе информацијата дека поранешниот сопственик на Ф1 екипата „Бребем“, Берни Еклстоун, кој стекна светска слава и богатство како долгогодишен промотор на Формула 1 трките во телевизискиот бизнис, очекува син на б9-годишна возраст, во третиот брак.

Неговата актуелна сопруга Фабијана Флоси има 44 години и по потекло е од Бразил. Двојката е заедно од 2009 година (бракот е склучен во 2012 година), откако Еклстоун се разведе од Славица Радиќ, манекенка со која беше во брак речиси 24 години, и со која ги има ќерките Тамара и Петра. Пред неколку години, семејството на Фабијана во Бразил доживеа шок кога нејзината мајка беше киднапирана и за неа беше побаран милионски откуп, но полицијата успешно го реши случајот.

– Како и сите родители, ние имаме само една желба, детето да се роди здраво. Се надевам дека никогаш нема да покаже желба да се натпреварува во Формула 1,- изјавила Фабијана за „Блик“.

Од своја страна, 89-годишниот Еклстоун има свое видување на целата ситуација околу бебето кое треба да се роди летово, поточно во јули 2020 година.

– Точно е дека очекуваме бебе летово. Искрено посакувам што поскоро да научи да игра табла,- гласи изјавата на Берни.

Еклстоун пред повлекувањето од Формула 1 од страна на „Форбс“ во 2014 година беше посочен дека има богатство вредно над четири милијарди долари.

Малку познат факт за Еклстоун е дека тој во два наврати пробал да се етаблира како возач во Формула 1 уште во 1958 година, кога се пензионирал легендарниот Хуан Мануел Фанџо. Сепак, и во двата наврати не успеал да се избори за место на стартот од трката.

Контроверзниот бизнисмен е познат по неколку свои сензационални изјави, од типот на тоа дека му се восхитува на Адолф Хитлер во смисла на неговата организација пред Втората светска војна, како дека „би примил куршум“ за Владимир Путин бидејќи тој е „добар лидер кој не прави ништо што не е добро за неговиот народ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни