Поврзете се со нас

Формула 1

Еклстоун призна проневера и си ја купи слободата со 653 милиони фунти

Објавено

на

Foto:instagram.com/jdoriajr

Берни Еклстоун беше прв човек на Формула 1 до 2017-та година и управувањето со „најбрзиот циркус“ му донесе огромна заработка, но и во таква ситуација, познатиот бизнисмен се обидел да ја измами својата држава.

92-годишниот Британец денеска ја признал измамата која ја направил со непријавени пари кои ги чувал во Сингапур, па поради договорот кој го направил со судијата, неговата затворска казна ќе биде само условна.

Берни не платил данок за нешто повеќе од 400 милиони фунти кои ги чувал во Сингапур во период од 18 години, а оваа проневера дефинитивно скапо ќе го чини со оглед на спогодбата која ја постигнал со судот.

За да избегне одлежување на затворска казна, Еклстоун прифатил да плати 653 милиони фунти на Велика Британија, а тоа денеска го потврди и надлежниот суд.

Условната казна ќе биде во времетраење од 17 месеци, а тоа значи дека Еклстоун не смее да повтори некое слично дело во наредниот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни