Формула 1
Еклстоун: Хамилтон ќе завршеше како Фетел ако му беше тимски колега на Леклер
Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун останува актуелен во медиумите, а откако периодов стана јасно дека повторно ќе стане татко на 89-годишна возраст, сега ја коментирал ситуацијата во Ферари.
Еклстоун тврди дека минатата сезона не била лесна за Себастијан Фетел бидејќи клубот повеќе го поддржувал Шарл Леклер.
– Убеден сум дека и Хамилтон немаше да успее во Ферари, ако беше на местото на Фетел минатата сезона. Ќе ја доживееше неговата судбина, бидејќи очигледно е дека сите во тимот се вљубија во Леклер и го третираа како прв возач на тимот. Фетел никогаш нема тоа да го искористи како алиби и затоа не го кажал јавно, но јас го познавам добро и знам дека е така дури и без да ми каже, – вели Еклстоун.
– Себ се чувствуваше отфрлен, никој не беше на негова страна и тоа се виде на трките. Еден пилот да успее мора да има целосна поддршка од тимот, а на пример тимот на Мерцедес работи целосно за Хамилтон. Во Ферари не би добил таква поддршка, бидејќи таму Леклер е во прв план, – дополнува секогаш интересниот соговорник.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити