Поврзете се со нас

Македонија

Екипата на Струга пристигна во Словачка: Вечерва официјален тренинг и прес-конференција

Објавено

на

Струга Трим Лум пристигна денес во Совачка каде утре, (среда) ќе го одиграме првиот натпревар против шампионот на оваа држава Слован Братислава во рамки напрвото елиминаторно коло од Лигата на шампионите.

Екипата утрово отпатува за главниот град на Словачка, за да пристигне точно во 13 часот во хотелот, каде тимот ќе одмора пред да оди на официјалниот тренинг кој ќе започне во 19 часот на стадионот „Техелне поле“.

Претходно во 18:30 часот на официјалната прес-конференција ќе се појави тренерот Ќатип Османи.

Натпреварот Слован Братислава – Струга Трим Лум се игра во среда со почеток во 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни