Ејупи го постигна својот прв гол за Славен Белупо (Видео)

ejupi vs varazdin

Македонскиот напаѓач, Музафер Ејупи го постигна својот прв гол во дресот на Славен Белупо во втората етапа во клубот од Копривница.

Популарниот Музо стрелаше во ремито против Вараждин од 1-1 во рамките на шестото коло во првата хрватска лига. Ејупи се најде на вистинското место и биеше прецизно во 57 минута, но домаќините не успеаа докрај да ја сочуваат оваа предност и покрај тоа што имаа играч повеќе на теренот, поточно Столник во 72 минута го постави конечниот резултат (1-1).

Славен со 7 бода е на 6 место на табелата.

Facebook Коментари