Поврзете се со нас

Италија

Ејбрахам и пресуди на жилавата Звезда во 87. минута, Јувентус ја продолжи мизеријата на Гвардиола (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Црвена Звезда беше на чекор од нов голем резултат во Лигата на шампионите, но сепак српскиот првак потклекна во финишот и прими втор гол на натпревар на кој импресионираше со пожртвуваноста.

Милан влезе како апсолутен фаворит на вечерашната пресметка на „Сан Сиро“, меѓутоа момците на Пауло Фонсека го оправдаа таквиот статус на потешкиот начин, постигнувајќи очајнички гол на 3 минути пред истекот на регуларниот дел.

„Росонерите“ беа оние кои го диктираа темпото и кои изгледаа повеќе ориентирани да го напаѓаат противничкит гол, но ретко кога имаа добри решенија како она на Леао пред самиот крај на првиот дел.

Ѕвездата на Милан погоди за 1:0 и се чинеше дека оттука патот до победата ќе биде полесен, претпоставка која не се исполни поради жилавото издание на гостите.

Звезда се врати во игра со голот на Радоњиќ и израмни на 1:1, а погодокот од 67-та минута беше активен до 87-та кога Ејбрахам се најде на вистинско место за да погоди за 2:1.

Кога се во прашање италијанските екипи, голема победа оствари и Јувентус во пресметката со Манчестер Сити, па така Тиаго Мота ја продолжи мизеријата на Пеп Гвардиола. Душан Влаховиќ погоди за 1:0 на стартот на вториот дел, а МекКени постигна гол за 2:0 непосредно по влегувањето во игра.

Головите од Милан-Звезда погледнете ги ТУКА

Двата погодоци на Јувентус погледнете ги ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни