Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ во транс за случувањата во Скопје: Тешко дека некој ќе го повтори ова! (Фото)

Објавено

на

Ракометарите на Вардар сосема заслужено беа пречекани како национални херои откако од Келн се вратија со освоениот трофеј во Лигата на шампионите, но дека случувањата на плоштадот „Македонија“ и низ улиците во главниот град не беа воопшто вообичаени најдобро ни говори тоа што веста за неверојатниот пречек беше раширена со брзина на светлината низ сите ракометни кулоари.

Сите медиуми на Балканот и добар дел од светските медиуми покажаа класа со тоа што на големо го величеа историскиот собир на „Македонија“ плоштадот во Скопје, па на неверојатните сцени не останаа рамнодушни ниту луѓете од ЕХФ кои со специјална објава ја одбележаа најмасовната прослава во историјата на Лигата на шампионите.

– Тешко е да се претпостави дека ќе се повтори ваква прослава на една титула во Лигата на шампионите. РК Вардар се врати во Скопје и го прослави триумфот на фајнал-форот со 150 илјади луѓе, – гласи објавата на европската ракометна федерација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни