ЕХФ стигна со потврда: Македонија ја чека пеколен бараж за пласман на СП

MKD-Aut

Тоа што се најавуваше по лошото издание на Македонија на Европското првенство кое се одигра изминатиов јануари, оваа вечер доби официјална потврда од страна на ЕХФ, па така Европската Федерација ја смести нашата селекција во групната на неносители за бараж пресметките кои ќе се играат за пласман на Светското првенство.

Главна вест е дека ждрепката ќе се одржи на 9-ти март во Виена, а со оглед последните резултати на Европското првенство, на претстојните баражи ќе се бараат 10-те преостанати патници од стариот континент на ракометниот мундијал. Македонија досега имаше лесна задача во баражите и добиваше прилично послаби противници, но сега ситуацијата ќе биде значително потешка, бидејќи избраниците на Данило Брестовац може да добијат за противник селекции како Франција, Германија, Швеска и Словенија.

НОСИТЕЛИ: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција

НЕНОСИТЕЛИ: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија

Facebook Коментари