Поврзете се со нас

Репрезентација

ЕХФ со МВП признание за Лазаров: Годините не влијаат на Кралот Кире (Видео)

Објавено

на

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров и на 40 години продолжува да блеска и да прикажува неверојатни партии.

Лазаров повторно беше лидер на македонската репрезентација на натпреварите против Финска и Швајцарија во кои заедно искомбинира 17 погодоци.

Кире беше доста расположен за игра во Скопје против Финска во натпревар во кој постигна 11 погодоци, додека против Швајцарија запиша шест голови зад своето име.

Головите и плус неговото присуство на теренот по кое произлегоа и неколку феномелани асистенции беа доволна причина ЕХФ да го назначи за МВП на воведните две кола во евроквалификациите.

Коментарот кој ЕХФ го објави откако му го додели признанието на Кире е приказна сам за себе.

– Годините не влијаат на Кралот Кире Лазаров, нашиот МВП во квалификациската фаза во 1. и 2. коло, -стоеше под видеото од настапите на Лазаров против Финска и Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни