Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ потврди: Македонскиот првак ќе оди директно во ЛШ

Објавено

на

Изречената казна од страна на ЕХФ го остави македонскиот ракомет без претставник во Лигата на шампионите после долги години, но по едногодишната пауза, Европската Федерација извести дека македонскиот шампион ќе има директно учество во најелитното натпреврување.

Вардар остана покус за настап во европската елита поради сложената финансиска ситуација и неисплатените долгови од претходното раководство и не доби награда за она што го оствари на теренот, но уште на самиот старт на новата натпреварувачка сезона, пристигна официјално соопштение за сезоната 2023/24.

Десет земји имаат загарантирано учество во групната фаза поради ЕХФ ранкингот, а на осмата позиција е Македонија и тоа значи дека македонскиот првак ќе има директен пласман во елитното натпреварување.

Одговор на прашањето за тоа кој тим ќе го гледаме во Лигата на шампионите ќе добиеме на крајот од сезоната, бидејќи за очекување е Вардар и Еурофарм Пелистер да водат тесна и жестока битка за титулата во домашното првенство.

Овогодинешното исфрлање на Вардар од ЛШ беше навистина неочекувано, па поради тоа, ниту Еурофарм Пелистер немаше доставено барање за вајлд-карта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни