Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ потврди дека нема да се игра натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар

Објавено

на

Европската ракометна федерација го извести Вардар дека е донесена одлука да не се одигра натпреварот меѓу македонскиот првак и Мешков Брест.

Натпреварот беше планиран за по неколку дена, односно на 2. март, но ЕХФ пресече дека актуелната ситуација во Украина не дозволува негова реализација во рамките на групната фаза на Лигата на шампионите.

– Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека „ сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното. Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот“, се вели во изнформацијата упатена на клубот. За следните чекори во врска со овој натпревар ЕХФ ќе има информација во следниот период, – објави РК Вардар вечерва.

Натпреварот требаше да се игра во Белорусија, во ситуација кога Мешков досега има најслаб ефект во групата во која „црвено-црните“ имаат пет бода повеќе од овој противник.

ЕХФ ги одложи и натпреварите на кои требаше да настапат Мотор и Чеховски Медведи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни