Поврзете се со нас

Европски купови

ЕХФ потврди дека Еурофарм ќе се пласира директно во групната фаза на Лигата на Европа

Објавено

на

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер и во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на Европа, а Европската ракометна федерација денеска потврди дека има обезбедено место во групната фаза.

ЕХФ ги потврди единаесетте екипи кои ќе чекаат противници во група, а Еурофарм Пелистер е меѓу петте екипи кои доаѓаат од федерации кои имаат претставник во најелитната Лига на шампиони.

Покрај Еурофарм, во оваа група екипи се и Магдебург, Нант, Бидасоа и Татабања.

Пласман во групната фаза е обезбеден и за Горење, Савехоф, Винтертур, Татран, Чеховски Мевдведи и Кокс. Една екипа која не е претставник на овие федерации ќе добие право на настап во вајлд-кард.

Во оваа фаза ќе учествуваат вкупно 24 екипи поделени во 6 групи.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни