Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ постави ултиматум, на Вардар му се заканува исклучување од Европа!

Објавено

на

Вардар беше еден од десетте учесници кои имаа загарантирано место во Лигата на шампионите, но тоа сега и не е така сигурно откако Европската ракометна Федерација започна процедура против македонскиот ракометен првак, односно постави ултиматум за санирање на штетите кои се направени од претходното раководство.

Новиот газда Михајло Михајловски го пријави клубот со ново име (Вардар 1961) со цел да „купи време“ за исплаќање на долговите кој Сергеј Самсоненко вети дека ќе си ги подмири, но откако тоа не се случило, ЕХФ денеска ја информираше јавноста дека Вардар нема да игра во ниту едно натпреварување во Европа доколку не биде обезбедена голема сума на пари.

„Балкан Хендбол“ излезе со ексклузивна вест на оваа тема и соопшти дека ЕХФ бара финансиска гаранција од еден милион евра, односно бара оваа сума да биде исплатена на две рати.

Првиот депозит треба да биде исплатен до 13-ти јули, а вториот до 27-ми истиот месец, што значи дека водечките луѓе на Вардар имаат помалку од две седмици да пронајдат 500 илјади евра како гаранција за подмирување на насобраните долгови.

Доколку не се испочитува ултиматумот кој го постави европската ракометна куќа, тоа значи дека Вардар ќе биде исклучен од сите европски натпреварувања во новата сезона, а Федерацијата веќе има и подготвено замена за „црвено-црните“.

Вардар сигурно ќе достави жалба за овој неочекуван притисок од страна на ЕХФ, но доколку не наиде на заеднички јазик, местото на македонскиот претставник во Лигата на шампионите ќе го заземе Горење од Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни