Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ подели седум вајлд-карти, ова е конечниот список на учесници во ЛШ

Објавено

на

Како што е познато Вардар нема да игра во Лигата на шампионите во наредната сезона, а воедно и Македонија нема да има свој претставник во елитното натпреварување кое е под капата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) која денеска ја објави одлуката на извршниот комитет за тоа кои 16 екипи ќе бидат дел од најквалитетната ракометна конкуренција на стариот континент.

Доделени се седум вајлд-карти од кои две се за клубовите од Балканот, ППД Загреб од Хрватска и Целје од Словенија. Во оваа група на „среќници“ се уште Нант, Алборг, Веспрем, Елверум и Висла Плоцк.

Овие клубови ќе им се приклучат на Барселона ГОГ, ПСЖ, Магдебург, Кил, ПИК Сегед, Кјелце, Порто на Никола Митревски и Динамо Букурешт.

Ждрепката за групната фаза ќе биде извршена на 1 јули во Виена по што ќе добиеме две групи од по осум тима.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни