Лига на шампиони
ЕХФ официјално го промовираше првото младинско натпреварување, Еурофарм Пелистер ќе биде дел од „патот кон Келн“

ЕХФ на средина на минатата година најави дека во 2025-та ќе го видиме првото премиерно натперварување во младинска категорија, натпреварување кое ќе биде слично на елитната Лига на шампиони во најсилна конкуренција.
Европската ракометна Федерација сега и официјално го инаугурираше новото натпреварување кое ќе се вика „ЕХФ клупски младински трофеј“, со тоа што беше претставено и логото на новиот проект.
Групите за новоформираното натпреварување веќе беа извлечени и познато е дека младинскиот тим на Еурофарм Пелистер ќе биде дел од премиерната сезона, а ждрепката посака битолчани да се најдат во четвртата група, во која ќе играат полуфинале со Кјелце, а ќе чекаат ривал од Висла Плоцк и Динамо Букурешт.
Квалификацискиот турнир ќе стартува во месец април во кој ќе гледаме разврска на четирите групи, а победникот на секоја од групите ќе патува во Келн.
Новото натпреварување своја завршница ќе има заедно со Ф4 турнирот во машка конкуренција, пракса која отсега ќе се практикува и во иднина.
Група 1 (организатор Веспрем):
Загреб
ПИК Сегед
Веспрем
Војводина
Полуфинале:
Веспрем – Војводија
ПИК Сегед – Загреб
15 и 16 април
Група 2 (организатор Барселона):
Барселона
ПСЖ
Нант
Спортинг Лисабон
Полуфинале:
Барселона – Нант
ПСЖ – Спортинг
16 и 17 април
Група 3 (организатор Фуксе Берлин):
Фуксе Берлин
Магдебург
ГОГ Гудме
Савехоф
Полуфинале:
Фуксе Берлин – Савехоф
Магдебург – ГОГ Гудме
17 и 18 април
Група 4 (организатор Динамо Букурешт):
Пелистер
Динамо Букурешт
Киелце
Висла Плоцк
Полуфинале:
Киелце – Пелистер
Висла Плоцк – Динамо Букурешт
17 и 18 април
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства12 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…