Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ одреди: Вардар директен патник во ЛШ, Еурофарм Пелистер има сериозна конкуренција за вајлд-карта

Објавено

на

ЕХФ не го вметна Вардар во тимовите кои ќе настапуваат на фајнал-фор турнирот кој ќе се игра на крајот на годината, но затоа одговорните луѓе на европскиот ракомет, никако не можеа да го заборават европскиот првак кога се во прашање директните учесници во Лигата на шампионите за новата сезона.

Вардар како се уште актуелен ракометен владетел на стариот континент се најде во одбрано друштво, па така обезбеди директен пласман во новиот формат во Лигата на шампионите покрај ППД Загреб, Барселона, Кјелце, Кил, Веспрем, Порто, Алборг, Фленсбург и ПСЖ.

Важна вест за вториот најдобар тим во овој момент, Еурофарм Пелистер е тоа што ги дозна своите ривали во битката за толку посакуваната вајлд-карта.

ЕХФ дополнително ќе одреди кои тимови ќе добијат специјална покана за настап во елитата, а покрај тимот од Битола, за ова место конкурираат уште ПИК Сегед, Висла Плоцк, Адемар Леон, ГОГ, Нант и Спортинг Лисабон.

Сите набројани тимови аплицираа за место во Лигата на шампионите откако не обезбедија директен пласман како Вардар, а конечната одлука на Европската куќа на ракометот треба да биде донесена најдоцна до 19-ти јуни, датум кој е издвоен како последен за одлучување на шесте вајлд-карти кои ќе ги додели ЕХФ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни