ЕХФ Куп: Македонските тимови ги дознаа првите противници

rabotnik-pelister

Македонските претставници Пелистер и Бутел денеска ги дознаа своите противници во ЕХФ купот, односно потенцијалните ривали во втората рунда со оглед на тоа што двата наши тима директно обезбедија учество во оваа рунда.

Бутел ќе го има своето деби на европската сцена и ќе ги одмери силите со победникот од првото коло од дуелот меѓу Запорожје и Лондон, а од друга страна пак, Пелистер ќе добие ривал од Косово или Швајцарија. Пресметката меѓу Беса и Винтертур ќе открие со кој тим ќе игра битолскиот состав во второто коло во ЕХФ Купот, натпреварување во кое претходно беше извршена ждрепка и во женска конкуренција.

Женските тимови на Металург и Куманово ќе се соочат со Заглебие Лубин, односно Славија Прага, но сепак она што следи во второто коло е многу пострашно. Ако ги минат првите пречки, ракометарките на Металург ќе играат против Сторхамер, додека кумановки против Одензе.

 

 

Facebook Коментари