ЕХФ ја прогласи за најдобра ракометарка на светот, а таа сега го продава бубрегот да преживее

Svetlana Kitic

Светлана Китиќ беше прогласена за најдобра ракометарка на сите времиња во изборот на ЕХФ, а во моментов се соочува со животно прашање. Таа е соочена со здравствени проблеми, а покрај тоа може да остане и без станот, кој и е купен со позајмица од Швајцарија. Кредитот зошто не се враќал на време почнал да се зголемува и сега од 50 илјади евра станал скоро 70 илјади евра.

Трагедијата да биде уште поголема, дури сега ќе мора и синот да го издржува кој се развел и дошол да живее со неа.

Ова е голем срам за ракометот, ако се знае дека Китиќ која има 57 години, на времето на осумдесетите и деведесетите рушеше рекорди и каде и да настапуваше, клубовите секогаш освојуваа титули.

Китиќ дури се решила на неверојатен потег за да ги врати парите. Таа донела одлука да го продаде својот бубрег.

Facebook Коментари