Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ ја одбележа бравурата на Њокас во ѕвезденото деби во „Јане Сандански“ (Видео)

Објавено

на

Кевин Њокас имаше деби за паметење на домашен терен пред публиката на Вардар, откако понесен од емоциите и извонредната атмосфера во „Јане Сандански“, не погреши ниту еднаш на мечот против Мешков Брест кој се одигра во средата.

Искусниот Французин се покажа како извонредна опција во нападот за Веселин Вујовиќ во својот прв натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен, нешто што и го очекуваше популарниот Вујо по изненадувачкото заминување на Гурбиндо.

Тренерот на Вардар порача дека Њокас нуди далеку подобри квалитети во нападот, а најдобар доказ за тоа беа осумте гола од осум обиди против Брест.

Перфектниот учинок на Французинот ги фрли во трансф навивачите на Вардар, но неговата бравура не остана неодбележана и од страна на ЕХФ.

Европската Федерација денеска ги објави најубавите голови од второто коло, а сосема очекувано, имаше место и за минијатурата која ја изведе десниот бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни