Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ ја копираше УЕФА и го имплементираше новото фудбалско правило од ЛШ

Објавено

на

Европските Федерации постојано работат за развој на спортот и имплементираат нова технологија, но почнаа да вметнуваат и нови правила кои имаат големо влијание врз растот на возбудата и неизвеснота.

ЕХФ како највисоко ракометно тело во Европа реши да ја копира УЕФА, па така денеска и официјално потврди дека од наредната сезона ќе се имплементира новото фудбалско правило кое направи да гледаме многу повозбудливо натпревари во Лигата на шампионите.

На вчерашниот конгрес во Љубљана, европската ракометна Федерација исто така реши да го тргне правилото „гол во гости“, што автоматски значи дека головите на гостински терен веќе нема да имаат никакво значење и ќе има помалку простор за тактизирање.

Воведувањето на новото правило донесе многу поатрактивни и поотворени натпревари во фудбалот, а истиот „фидбек“ го очекуваат и луѓето од ЕХФ.

Новото правило стапува на сила од сезоната 2022-23 и ќе важи во сите натпреварувања на ЕХФ, со напомена дека ако една елиминациска рунда заврши нерешено по два нокаут меча, веднаш ќе се оди кон изведување пенали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни