Шпанија
ЕХФ ја издвои изјавата на тренерот на Барселона за едно ракометно правило: Флик знае!

Ханси Флик како тренер на Барселона денеска го коментирал црвениот картон на Џуд Белингам, а со своите зборови очекувано го привлече вниманието на пошироката фудбалска јавност.
Германскиот стручњак го оценил потегот на фудбалерот на Реал како недоличен и не гледа оправдување во фактот дали судијата ја слушнал точната пцовка, а притоа направил и палалела со едно ракометно правило.
Во татковината на Флик ракометот ужива сериозна популарност, па тој на прес-конференцијата истакнал дека е импресиониран од строгото ракометно правило, во кое играчот мора да ја остави топката веднаш откако судиите ќе му ја одземат топката.
– Само еден играч може да разговара со судијата, а тоа е капитенот. Тука треба да заврши работата за останатите. Поради вакви работи ми се допаѓа ракометот, кога судијата ќе свирне со свирчето, топката завршува на земја и почнува акцијата на противникот, – порача Флик.
Европската ракометна федерација преку официјалниот „Икс“ профил на Лигата на шампионите го сподели видеото со изјавата на Флик со краток коментар.
Flick knows 🤜🤛 https://t.co/D9KL6VQzNg
— EHF Champions League (@ehfcl) February 16, 2025
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија17 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!