Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ и официјално ги потврди учесниците за Лигата на шампионите за следната сезона

Објавено

на

Од ЕХФ ги објавија имињата на тимовите кои ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите за следната сезона.

Иако Еурофарм Пелистер имаше аплицирано за „вајлд-карта“ нема да настапи во најелитното ракометно натпреварување, па така Македонија и дефинитивно останува само со еден претставник во името на скопски Вардар.

Лигата на шампионите следната сезона ќе брои 16 екипи кои ќе бидат поделени во две групи од по осум тимови, а сите натпревари ќе се играат во среда и четврток.

Следната сезона во борба за вредниот трофеј ќе одат шест поранешни шампиони во ова натпреварување и тоа: Барселона, Кил, Вардар, Фленсбург, Целје и Кјелце.

Освен ракометарите на Вардар, македонски ракометари кои ќе може да ги следиме во Лигата на шампионите од следната сезона ќе бидат и Кире Лазаров (Нант), Никола Митревски (Порто) и Дејан Манасков (Веспрем).

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со натпревари на 16 и 17 септември.

 

View this post on Instagram

 

Discover which teams will participate in the #ehfcl 2020/21 👀 . Swipe up our story for more information 👆

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl) on

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни