Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ го заборави Вардар, но му верува на Загреб: Ова се Топ фаворитите за пехарот во ЛШ

Објавено

на

Оваа седмица започнува новата сезона во ракометната Лига на шампионите, а во пресрет на тие возбудувања од Европскаката ракометна федерација (ЕХФ) излегоа со Топ листа на екипи кои според нив се најблиску до трофејот во ова натпреварување.

Како што е познато имаме две групи или вкупно 16 клубови, а ЕХФ направи Топ 10 листа на која интересно нема место за Вардар, но тука е ППД Загреб.

„Црвено-црните“ беа тимот кој го елиминираше Загреб на терен во четвртфиналето на СЕХА лигата, ама без разлика на тоа од ЕХФ повеќе му веруваат на хрватскиот претставник кој се наоѓа на 10 позиција.

Пред него се Монплеје, Мотор, ПИК Сегед, Алборг, ПСЖ за да најдобрите четири позиции се наменети за Кјелце, Барселона, Веспрем и Кил кој за експертите е прв фаворит за титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни