Поврзете се со нас

Европски првенства

ЕХФ го примени протоколот на ИХФ: Само вакцинирани и прележани ракометари ќе настапат на ЕП

Објавено

на

Во согласност со прописите кои ИХФ ги утврди за женското Светско првенство во Шпанија, ЕХФ штотуку претстави идентичен здравствен протокол кој ќе се применува и на Европското првенство на стартот на 2022-ра година.

Тоа значи дека секој играч кој сака да учевствува на Европското првенство ќе мора да биде вакциниран со две дози, или пак да го има прележано вирусот во изминатиот период.

Невакцинирани и непрележани играчи нема да добијат право за настап на континенталниот турнир, на кој пак ЕХФ информира дека ќе се вршат ПЦР тестирање на секои два дена, слично како што беше и на Светското првенство минатата година.

За разлика од тогаш, ако се појави позитивен случај на Ковид 19, останатите блиски контакти добиваат право за настап ако останат негативни, а нема да се применува ниту концептот на „балон“, што значи дека ракометарите ќе можат да го напуштаат хотелот и слободно да се движат надвор.

Репрезентацијата на Македонија ги знае своите противници и е дел од групата А, во која покрај нашата селекција се и Данска, Словенија и Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни