Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ го одложи натпреварот меѓу Вардар и Елверум поради ситуацијата во Македонија (Фото)

Објавено

на

Европскиот шампион Вардар нема да го одигра натпреварот од второто коло против Елверум кој беше закажан за в четврток, откако ЕХФ денеска официјално соопшти дека средбата во Скопје е одложена на неодредено време.

Вардар требаше да го одигра првиот натпревар на домашен терен во новата сезона во Лигата на шампионите, но за тоа ќе треба да почека откако ЕХФ одлучи да го прифати барањето на норвешкиот клуб.

Со оглед на сложената епидемиолошка слика во нашиот главен град поради коронавирусот, Македонија е на црвената листа на земји во Норвешка, поради што играчите на Елверум ќе мораат да одработат задолжителен двонеделен карантин при враќањето од нашата земја.

За да не се случи тоа, Европската ракометна Федерација процени дека најдобра солуција е овој натпревар да не се одигра во превдидениот термин, а истовремено најави дека е во контакт со двата клуба за изнаоѓање на идеален термин во иднина.

Поради пандемијата која го погоди цел свет, ЕХФ уште пред стартот на сезоната најави дека ќе ги зима во предвид сите вакви околности и дека ќе делува флексибилно колку што може, па со цел да се спречи долг карантин на Елверум, во овој момент најдобро решение е да не се одигра натпреварот во четврток.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни