Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ го објави „дрим-тимот“ во Лигата на шампионите и не избра ниту еден ракометар од Вардар (Видео)

Објавено

на

Во овој дел од годината, ЕХФ обично го објавува тимот на годината во Лигата на шампионите непосредно пред големото финале, но поради несекојдневните околности, сега дрим-тимот е составен во ситуација кога воопшто не се игра ракомет.

Коронавирусот ги поремети сите планови и ги помести сите случувања во ракометот, па така фајнал-фор турнирот оваа сезона ќе се игра на крајот на годината, а притоа ќе гледаме само четири тима кои беа најдобро рангирани во групната фаза.

Вардар нема да има шанса да го брани трофејот кој го освои минатата година, но за разлика од лани кога доминираше во изборот на најдобриот тим, сега нема ниту еден претставник од „црвено-црниот“ тим.

ЕХФ денеска го објави најдобриот тим и најдобриот тренер за сезоната која ќе се доигра со скратен распоред, избор во кој се најде и поранешниот Вардарец Давид Дејвис.

Најдобар голман е Никлас Ландин, на бековските позиции се избрани Сагосен, Хансен, Душебаев, пикер е Бенс Банхиди, а крилните позиции се задолжени за Штрлек и Екберг. Најдобар дефанзивен играч е Благотиншек, а најдобар млад играч Алеиш Гомез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни