Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ го избра дрим-тимот пред новиот Ф4 турнир: Доминација на Барселона, Нант со само еден претставник (Фото)

Објавено

на

Кирил Лазаров докажа дека е голема ракометна ѕвезда и на залезот на својата кариера, но сепак неговата блескава сезона во Лигата на шампионите не беше наградена со место во идеалниот тим кој денеска го објави ЕХФ.

Традиционално, пред почетокот на секој Ф4 турнир, Европската ракометна федерација го објавува „ол-стар“ тимот од играчи кои ја одбележаа цела натпреварувачка сезона, па иако Лазаров ќе биде дел од завршниот турнир кој стартува утре, тој не се најде на позицијата десен бек.

Македонскиот капитен утре ќе биде лидер на Нант во полуфиналето со моќната Барселона, тим кој има дури четири претставници во идеалниот тим, меѓу кои и поранешниот вардарец, Лука Циндриќ.

Голман: Никлас Ландин (Кил)

Крила: Абелјо Гомес (Барселона), Валеро Ривера (Нант)

Пикер: Лудовик Фабрегас (Барселона)

Бекови: Дика Мем (Барселона), Лука Циндриќ (Барселона), Микел Хансен (ПСЖ)

Најдобар дефанзивец: Хенрик Молгард (Алборг)

Најдобар млад играч: Дилан Наи (ПСЖ)

Најдобар тренер: Алберто Ентрериос (Нант)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни