Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ е на потег: Пик Сегед алармираше за корона-криза и ги повлече билетите за дуелот со Вардар (Фото)

Објавено

на

Постојат големи шанси Вардар втора седмица по ред да биде ослободен од настап во Лигата на шампионите, откако следниот противник се соочува со голема корона криза во својот тим.

Пик Сегед пријави нов заразен играч во првиот тим по натпреварот со Кјелце, а тоа е седми член на унгарскиот состав кој мора да одработи карантин пред да се врати на редовните тренинзи и активности.

Клубот ја информираше јавноста дека поради новиот позитивен тест на коронавирус, цел тим е пратен во самоизолација, следејќи ги протоколите на Владата во земјата и оние од европската ракометна Федерација. Пик Сегед ќе мора да направи нови ПЦР тестови на сите играчи по пројавениот нов случај, но со тоа, сериозно се доведува во прашање натперварот против Вардар кој е закажан за овој четврток.

Бидејќи беше најавено дека ќе се игра со публика, Пик Сегед истакна дека билетите се повлечени од продажба, а исто така известен е и Вардар за последните случувања во нивниот табор.

Вардар минатата недела не го одигра мечот против Елверум на домашен терен по барање на норвешкиот клуб, а голема е веројатноста дека ЕХФ ќе донесе слична одлука и за дуелот во Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни