ЕХФ донесе одлука: Ракомет нема да се игра во април и мај, Ф4 турнирот во ЛШ ќе се игра среде лето

Vardar-Mon

Со оглед на се посложената ситуација која настанува во Европа поради ширењето на коронавирусот, многу угледните тела во сите сфери во спортот мора да бараат алтернативи за предвидениот распоред кој сега комплетно се распадна, па откако дел од фудаблските шампионати објавија дека фудбал со сигурност нема да се игра во април, најважната ракометна Федерација денсека излезе со свое соопштение.

ЕХФ подготви провизорен план за тоа како ќе се игра ракомет во Европа кога ќе се создадат услови за такво нешто, но од друга страна, претседателот на европската Федерација нагласи дека со сигурност нема да има активности во месец април и мај. Тоа значи дека Ф4 турнирот во Келн кој традиционално започнува на крајот на мај ќе биде одложен за извесно време, а во најдобри услови и средување на ситуацијата, Вардар и ПИК Сегед својот осминафинален двобој ќе го играат во месец јуни.

Во јуни и јули би требало да добиеме разврска за тоа кои екипи ќе патуваат на завршниот турнир, бидејќи ЕХФ прогнозира дека овогодишениот Ф4 турнир ќе се одигра на 22-ри 23-ти август, секако доколку глобалниот проблем во Европа се стаблизира до тоа време.

Facebook Коментари