ЕХФ со чудење го одбележа неверојатното и историско достигнување на Лазаров (Фото)

Lazarov-Zagreb

Покрај европскиот шампион Вардар, македонски претставник на еден фајнал-фор турнир во Лигата на шампионите повторно ќе биде Кирил Лазаров, неповторливиот „бомбардер“ од десната бековска позиција кој на годинешното издание на турнирот во Келн ќе се запише во историските читанки на европскиот ракомет.

Лазаров обезбеди ново учество на еден завршен турнир со својот Нант кој го оправда својот амбициозен проект уште од стартот на сезоната, а тоа за Македонецот ќе биде шести настап на Ф4 турнирот во „Ланксес Арена“, односно историски бидејќи до последниот ќе дојде со четврти различен клуб.

Македонскиот капитен ќе биде единствениот играч кој заиграч на фајнал-фор турнирите со четири различни клуба, а сега овој неверојатен податок го одбележа и ЕХФ, европската ракометна репрезентација која со чудење го прифати овој рекорд на Лазаров.

Лазаров првпат настапи на Ф4 турнироте во 2011 година како член на Сиудад Реал, а потоа беше дел од најпрестижниот турнир и како играч на Атлетико Мадрид и Барселона.

Facebook Коментари