Поврзете се со нас

Евролига

Егзум даде прв коментар за повредата: Ќе видиме…

Објавено

на

Средбата меѓу Реал Мадрид и Партизан во Евролигата донесе голем инцидент, тепачка во која беа инволвирани голем дел од играчите на теренот, па во најскоро време ќе видиме какви ќе бидат одлуките за санкциите.

Најтешко во тој хаос дефинитивно помина Данте Егзум кој со боречки зафат беше треснат на паркетот од страна на Гершон Јабуселе, па со помош на помагала мораше да го напушти Мадрид. Навивачите на „црно-белите“ ги пречекаа своите херои и на аеродрмото во Белград каде можеше да се види како Егзум се движи со помош на патерици, па новинарите ја искористија оваа прилика да дознаат каква е неговата повреда.

-Ова е неверојатно. Сега е шест наутро, а тие се сите тука, ова е неверојатно. Ми се допаѓа, ќе зборуваме, -истакнал Данте за Телеграф.

-Подоцна ќе зборуваме за повредата, ќе видиме, ќе видиме. Кој знае, кој знае, -порачал некогашниот петти пик на драфтот во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни