Егзодус кај „аѕурите“: По Буфон, уште три италијански ѕвезди се повлекоа од репрезентацијата!

italija-egzodus

Италијанската фудбалска репрезентација изминатава вечер доживеа вистински колап на домашен терен бидејќи не успеа да го скрши отпорот против Швеѓаните и да ја анулира негативата од 1:0 која ја стекна во Стокхолм, а тоа значеше дека четирикратниот светски шампион за првпат нема да игра на еден мундијал по 1958 година.

Историското разочарување ја зави во црно фудбалска Италија која сигурно уште долго ќе ги коментира одлуките на селекторот Вентура, а ако е нешто јасно по шокантната елиминација во баражот, тоа е дека во иднина ќе гледаме една поразлична италијанска селекција.

Покрај Буфон кој по крајот на мечот низ солзи истакна дека ова за негов е последен меч во националниот дрес, во подтрибинскиот простор на „Сан Сиро“ пристигнаа уште три идентични изјави од страна на три значајни фудбалери, од кои единствено недоволно сигурен е Џорџо Кјелини.

Стоперот на Јувентус првично изјавил дека резултатот против Шведска значи дека е време за ремонт во репрезентацијата и негово повлекување од истата, но иако е доста сигурен во својата одлука, сепак додал дека ќе размисли и со трезвена глава во наредните неколку дена.

Во другите два случаи ситуацијата е комплетно јасна, откако Даниеле Де Роси и Андреа Барѕалји потврдија дека го следат чекорот на Буфон и дека неуспехот со Шведска е последен нивни меч во репрезентативните кариери.

Facebook Коментари