Поврзете се со нас

Олимписки игри

Егоров поразен во осминафиналето на Олимписките игри

Објавено

на

Осминафиналните настапи на турнирот во борење на Олимписките игри започнаа денеска, но за жал Владимир Егоров не го оствари резултатот кој го посакуваше.

Индиецот Аман Шерават се покажа како непремостлива пречка за одличниот македонски борец, кој денеска го имаше својот прв, а потенцијално и последен настап на игрите во Париз.

Шерават беше убедлив во осминафиналната пресметка и славеше со 10:0 во бодувањето, па со тоа ги урна надежите на Егоров кој посакуваше голем резултат на Олимпијадата. Евентуален репасаж за Егоров е возможен доколку неговиот денешен противник стигне до битка за златен медал.

Инаку, Егоров се натпреварува во категоријата до 57 килограми, дисциплина во која пред две години се закити со титулата европски првак на турнирот во Будимпешта.

Денеска на програмата има уште еден македонски претставник на Олимписките игри, а тоа е таеквондистката Милјана Рељиќ која околу 12:00 часот ќе се бори против Британката Џејд Џонс.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни