Поврзете се со нас

Свет

Египетската полиција уапсила криминална група која ограбувала продавници со маски на Салах (ФОТО)

Објавено

на

Популарноста на Мохамед Салах е посебно голема во неговата татковина Египет, а неговиот лик бил искористен и за маскирање на криминална банда која оперирала во Каиро и околината.

Египетската полиција вечерва објави информација дека конечна ја уапсила групата од четворица ограбувачи кои при своите акции во продавници и по патишта користеле маски на Салах.

По неколку успешно реализирани грабежи, криминалната група не можела да побегне откако била следена од полицијата и уапсена додека се обидувала да ограби маркет во предградие на Каиро.

Веднаш по апсењето, полицијата објави фотографија на која се прикажани криминалците, нивните Салах маски, како и скромното оружје со кое ги реализирале грабежите.

Во меѓувреме, Салах е во Англија каде го очекува враќањето на тренинзите на неговиот клуб Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни