Поврзете се со нас

Англија

Египетска легенда го нападна Салах, стигна одговор од Ливерпул

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Мохамед Салах заработи повреда уште на стартот на Африканскиот куп на нации, а Египетската фудбалска федерација и неговиот клуб Ливерпул се договориле тој да се врати во Англија за процесот на рехабилитација.

Таквата ситуација не му се допаднала не поранешниот египетски репрезентативец Ахмед Хасан, кој истакнал дека е разочаран од Салах.

– Секогаш сум го поддржувал Салах и драго ми е што е капитен, но излезе дека тој прави се за да ја напушти репрезентацијата. Тој  е капитен, мора да остане во националниот тим без разлика што се случува, ако треба и со една нога, – рекол Хасан, кој е рекордер според бројот на настапи за репрезентацијата.

Во очекување на враќањето на Мо во Ливерпул, стигнал одговор од Ливерпул, односно од Пеп Лијндерс, кој е асистент на Јирген Клоп.

– Никој не смее да се сомнева во посветеноста на Салах, никогаш не сум сретнал друг фудбалер кој е толку концентриран на својата професионална кариера.

– Знам дека во неговата земја се разочарани што не може да настапува на турнирот, но и ние сме разочарани што е повреден. Одговорните во нивната федерација прифатија да се врати затоа што знаеја дека тука ќе добие најдобра нега и се надеваа дека би можел да настапи во евентуалното финале, – рекол Лијндерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни